Дома Фудбал Знаме на УЧК на мечот Швајцарија и Германија – Србите прашуваат до кога УЕФА ќе го толерира ова

Знаме на УЧК на мечот Швајцарија и Германија – Србите прашуваат до кога УЕФА ќе го толерира ова

Фудбалерите на Германија ремизираа со Швајцарија во третиот и последен натпревар од групата А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На крајот беше 1:1, иако Швајцарија водеше со голот на Дан Ндоје од 28. минута, а Германија израмни со голот на Никлас Филкруг во 92. минута.

Покрај добрата игра на Швајцарија, натпреварот го одбележа и нова грда сцена.

Знамињата на УЧК повторно се најдоа на теренот на стадионот во Франкфурт каде се играше натпреварот.

Познато е дека многу Албанци навиваат за Швајцарија поради Гранит Џака и Џердан Шаќири, но за многу корисници на социјалните мрежи е неверојатно знамињата кои не ѝ припаѓаат таму сепак да ги поминуваат проверките.

Србите на социјалните мрежи прашуваат до кога УЕФА ќе ги толерира ваквите појави на стадионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубот го доведе бесплатно како дете: Сега е откритие на Светското првенство и вреди 50 милиони евра

Современиот фудбал сведочи на смена на генерации во која познатите имиња полека се повлеку…