Дома Фудбал Знаете ли зошто фудбалерите во Серија А играа со црвена боја на лицето?

Знаете ли зошто фудбалерите во Серија А играа со црвена боја на лицето?

Вчерашните натпревари во Серија А ги одбележа црвената боја на лицата на сите фудбалери и тренери.

На почетокот на многумина не им беше јасно што претставува црвената линија на лицата, но подоцна беше соопштено дека станува збор за акција која Серија А ја спроведе со една невладина организација која се занимава со заштита на правата на жените. Целта на акцијата е да се сврти вниманието на борба против насилството врз жените, а ова е втор пат што се одржува во Италија.

Акцијата исто така беше спроведена и на социјалните мрежи. Многу фудбалери позираа со своите поубави половини, кои носеа црвен кармин на усните. Гест за пофалба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мореира го разби Интер: Милан со три гола до четврта победа во низа во дербито!

Диего Мореира со гол и две асистенции го предводеше Милан до победа од 3-1 над Интер, кој …