Златко Мојсоски и следната сезона ќе го носи дресот на Бутел.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
39 годишниот крило стави потпис на продолжување на соработката и за него тоа ќе биде четврта сезона во тимот на Бутел. Мојсоски е еден од најдобрите стрелци во екипата и изрази задоволство за потпишувањето на договорот.
„Задоволен сум што го продолжив договорот со Бутел. Во следната сезона ќе имаме респектабилен тим и со нетрпение го чекам стартот, се надевам дека ќе бидеме подобри од претходните две сезони“, изјави Мојсоски.
Ќе потсетиме. Бутел ја чека одлуката на ЕХФ да биде на местото на Металург во Европската лига, откако тимот од Автокоманда одлучи сезонава да се натпреварува само дома.