Хаким Зијеш на почетокот на 2020 година потпиша за Челзи како големо засилување, но сега тој изгледа решил да си замине од лондонскиот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За околу 40 милиони евра Мароканецот од Ајакс премина во Челзи. Во тие моменти голем број екипи сакаа да го доведат, а тој се реши да игра во Лондон.
Зијеш изгледа не е во плановите на новиот тренер Томас Тухел и затоа побарал состанок со раководството на клубот. Неговата намера е да разговара и да побара повеќе да игра, во спортивно е спремен да си замине.
Сезонава тој вкупно собра 19 настапи, постигна два гола и подели четири асистенции. Со доаѓањето на Тухел падна во втор план.