Дома Трансфер зона Зијех незадоволен, бара трансфер

Зијех незадоволен, бара трансфер

Хаким Зијех не е задоволен од својот статус во Челзи и ќе побара трансфер во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.

Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата, па Томас Тухел не смета сериозно на него.

Таквата ситуација сакаат да ја искористи италијанскиот гигант Милан, кој покажа интерес за плејмејкерот и во летниот преоден рок.

27-годишниот плејмејкер е голема желба на „росонерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Зијех сака да има поголема минутажа и во јануари ќе побара трансфер од раководството на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Толисо пред трансфер во Тотенхем

Плејмејкерот на Баерн Минхен, Корентин Толисо е блиску до трансфер во Тотенхем, пренесува …