Дома Фудбал Зидан: Фудбалот е мистерија!

Зидан: Фудбалот е мистерија!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема причина за задоволство откако неговиот тим синоќа загуби од Еспањол со 1:0 во рамките на шпанската Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После низата добри резултати, Реал Мадрид синоќа запиша потполно неочекуван пораз поради кој Зидан беше видно разочаран.

Тој после натпреварот рече дека фудбалот понекогаш знае да биде вистинска мистерија.

„Што ни недостасуваше? Скоро се. Го започнавме првото полувреме доста добро и имавме шанси, но не успеавме да ги реализираме. Не ја игравме нашата игра во второто полувреме. Фудбалот може да биде мистерија. Мора да ги прифатите лошите моменти. После пет добри резултати и добри игри, не смеевме да го дозволиме ова. Не го заслуживме овој пораз, навистина боли.“ – изјави Зидан по натпреварот.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата разочарана по испаѓањето на СП и разделбата: “Ме оставија сам”

Раното испаѓање на Уругвај од Светското првенство 2026 година веќе во групната фаза не сам…