Дома Фудбал Останато Зидан спремен да се врати, два клуба фаворити

Зидан спремен да се врати, два клуба фаворити

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен на лето повторно да седне на клупата на некој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако Дешамп реши да остане на селекторското место на француската репрезентација, Зидан ќе се врати на фудбалот, па веќе испратил сигнали дека сака клупски ангажман.

Зидан ќе ги разгледа сите понуди кои ќе пристигнат на негова адреса, но предност ќе им даде на Јувентус и Реал Мадрид.

Зизу својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во италијанскиот гигант, а и Јувентус никогаш не ја криел желбата еден ден да го види Французинот на кормилото.

Од друга страна шпанските медиуми пренесуваат дека Французинот е спремен по трет пат да се врати на клупата на Реал доколку „кралевите“ се разделат со Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Един Џеко одговори дали ќе продолжи да игра за репрезентацијата по СП

Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство по поразот од САД со резултат од …