Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан наводно понудил оставка поради резултатската криза во која се наоѓа „кралскиот“ клуб, пренесува „Марка“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал на половина од сезоната се наоѓа на четвртото место на табелата со дури 19 бода помалку од лидерот Барселона, а десет помалку од градскиот ривал Атлетико Мадрид.
„Марка“ која е секогаш добро информирана за случувањата во Реал Мадрид пренесува дека Зидан имал состанок со претседателот Перез на кој му ја понудил својата оставка.
Сепак, донесена е конечна одлука Французинот да остане на кормилото до крајот на сезоната, а следната сезона сигурно друг тренер ќе ги предводи „кралевите“. Истиот извор наведува дека сигурно Зидан нема да се предомисли и ќе остане позади својата одлука.
Наводно Зизу после завршувањето на Мундијалот ќе ја предводи француската репрезентација, а Реал веќе ја започнал потрагата по нов тренер.
Иако во моментов се лецитира со голем број на имиња, наводно најголема желба на Перез за нов тренер е германскиот стратег Јоаким Лев.