Дома Фудбал Останато Зидан одбил понуди од три репрезентации

Зидан одбил понуди од три репрезентации


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Францускиот тренер Зинедин Зидан одбил три понуди за работа во изминатиот период.

Зидан не ја криеше желбата да седне на селекторската позиција на клупата на Франција и веројатно поради тоа беше недостапен за заинтересираните.

Но, за него вчера пристигна лоша вест затоа што Дидие Дешам го продолжи договорот со Франција до 2026 година. Затоа сега се очекува Зидан да влезе во преговори.

Сите три понуди кои ги одбил Зидан биле селекторски. Не прифатил да седне на клупата на Бразил откако „Кариоките“ се разделија со Тите, потоа стигнала и понудата од Португалија каде Фернандо Сантош веројатно ќе биде наследен од Роберто Мартинез. Освен овие две селекци интерес покажала и репрезентацијата на САД.

Какви се плановите сега на Зидан тешко е да се каже. Јувентус изгледаше како дестинација каде што би сакал да работи, меѓутоа таму сега Алегри во сигурна позиција затоа што „старата дама“ врза осум победи и тоа без примен гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Монца во следните сезони ќе се бори за Скудето“

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Eкипата на Монца мин…