Дома Топ вести Зидан не се откажува од Погба

Зидан не се откажува од Погба

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го доведе Пол Погба.

Францускиот фудбалер беше желба на Реал уште додека играше за Јувентус, а „кралевите“ се обидоа да го донесат и минатото лето.

Зидан се обидува да го донесе својот сонародник во Мадрид веќе подолго време, Погба е отворен за преселба на „Сантиаго Бернабеу“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.

Погба на лето ќе влезе во последната година од договорот со Јунајтед, нема најави за негово продолжување, па Реал ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација.

Поради ситуацијата со договорот и пандемијата цената на Погба е намалена, па Зидан инсистира да го донесе 27-годишниот Французин на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алиоски со емотивна порака се збогува од Лидс🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски денес преку видео порака се збогува со навивачи…