Дома Фудбал Зидан: Немаме потреба од нови фудбалери

Зидан: Немаме потреба од нови фудбалери

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потврди дека клубот нема да биде активен на трансфер пазарот и не му се потребни нови засилувања.

Реал ќе го испрати десниот бек Алваро Одриасола на позајмица во Баерн Минхен, но Зидан не планира да донесе негова замена.

„Не се разделуваме со еден фудбалер, за да земеме друг. Нашата клупа е доволно долга. Мислам дека не ни се потребни нови фудбалери, но до 31-ви јануари може да се случи се“, изјави Зидан.

Вчера „кралевите“ го потврдија трансферот на младиот Бразилец, Реиниер Жесис, кој првично ќе игра за младинскиот тим.

Утре Реал гостува кај третолигашот Саламанка во рамките на Купот, а Зидан потврди дека Хамес и Бејл се враќаат во тимот.

„Двајцата минатата недела имаа потешкотии, но сега се комплетно здрави и спреми за игра“, објасни Зизу.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Историска ноќ за Аталанта, Мурињо не е тоа што беше

Аталанта запиша историски триумф над Валенсија (4:1) во првиот осминафинален дуел во ЛШ. М…