Дома Топ вести Зидан на лето се сели во Италија

Зидан на лето се сели во Италија

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Зинедин Зидан може да се врати на Апенините.

Зидан оваа сезона не бележи добри резултати во Реал Мадрид и се посилни се шпекулациите дека двете страни ќе се разделат на лето.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Јувентус веќе подолго време сака да го врати Зидан во своите редови и смета дека на лето ќе биде идеална шанса за тоа. Поради тоа „бјанконерите“ се спремни да го сменат Андреа Пирло со францускиот стратег.

Пирло не ги исполни во целост очекувањата во Јувентус и раководството е спремно да направи тренерска смена на лето, но само доколку може да стигне до потписот на Зидан.

Директорот Павел Недвед е во постојан контакт со својот пријател Зидан и го убедува да седне на кормилото на Јувентус, а медиумите тврдат дека е голема веројатноста за тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Саутегјт откри од што не е задоволен во играта против Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека е задовол…