Дома Фудбал Зидан загрижен за Азар пред клучните натпревари

Зидан загрижен за Азар пред клучните натпревари

Реал Мадрид синоќа запиша изненадувачки пораз на гостувањето кај Леванте, притоа го загуби и Еден Азар поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Азар во 67-та минута излезе поради повреда, а Зидан после мечот потврди дека станува збор за потешка повреда.

„Мислам дека Еден доби удар на истото место. Во моментов не изгледа добро. Ќе ги почекаме лекарските прегледи, но не сум оптимист“, изјави Зидан.

Реал Мадрид в среда ќе го пречека Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“, а потоа го игра големото дерби со Барселона, па Азар готово сигурно ќе ги пропушти овие натпревари.

Азар претходно беше во аут поради повреда од 27 ноември кога се повреди на дуелот со ПСЖ и отсуствуваше три месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп го откри својот фаворит за освојување на СП

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Јирген Клоп со огромен ентузијазам го …