Дома Фудбал Зидан: Бензема е најдобриот напаѓач во историјата на Франција

Зидан: Бензема е најдобриот напаѓач во историјата на Франција

Легендарниот Зинедин Зидан синоќа му ја додели „Златната топка“ на својот сонародник Карим Безнема.

Зидан истакна дека според него Бензема е најдобриот напаѓач во историјата на Франција и дека жали што не играле заедно.

„Секој има свој омилен играч. Некои ќе кажат дека тоа е Папен, други ќе го споменат Платини. За мене Карим е најдобриот напаѓач во историјата на Франција“, изјави Зидан.

„За сите овие години се чуствував фантастично во Мадрид со него. Исклучително е чувството да го гледате одблизу што се може да направи со топката. Жалам што не игравме заедно, ќе допринесев да постигне повеќе голови. Но тоа го компензиравме заедно како тренер и играч“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деби за паметење: Груда блесна, Германија ја совлада Србија во Белград

Германија славеше со 3-1 во Лигата на нациите, а Брајан Груда го одбележа своето деби со о…