Дома Топ вести „Земјотрес“ на Островот: Канте се сели на „Олд Трафорд“

„Земјотрес“ на Островот: Канте се сели на „Олд Трафорд“

Англиските медиуми тврдат дека на Островот се спрема сензационален трансфер во последната недела од преодниот рок.

Имено, Челзи е спремен да го продаде Нголо Канте, бидејќи Лампард по секоја цена сака да го донесе играчот на Вест Хем, Даклан Рајс.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Канте цело лето се поврзуваше со трансфер во Интер, но миланскиот гигант нема финансиски средства да го комплетира трансферот, па сега како главен фаворит за потписот на Французинот се посочува Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентот на Канте и не сакаат да ја пропуштат шансата да го донесат на „Олд Трафорд“.

Солскјер смета дека Канте е играч кој ќе му донесе баланс на тимот и многу ќе помогне во дефанзива, па нема да жали пари да го донесе во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…