Дома Останати Кошарка НБА „Земјотрес“ во НБА: Ембид и Харден ја напуштаат Филаделфија?!

„Земјотрес“ во НБА: Ембид и Харден ја напуштаат Филаделфија?!


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Тимот на Филаделфија поминува низ бурен период по елиминацијната во полуфиналето на Истокот каде што Бостон беше подобар.

Со поразот во серијата беше завршена и уште една етапа без конференциско финале, иако амбициите беа и поголеми. Цената веднаш ја плати тренерот Док Риверс кој доби отказ по седмиот натпревар. За него тоа беше 10-ти пораз во седми натпревар во една плеј-оф серија и постави негативен рекорд во НБА.

Следен кој е најблиску до заминување е Џејмс Харден. Харден во последните денови се поврзува со враќање во Хјустон. Се пишуваше дека Хјустон пред именувањето на Удока за нов тренер му го поставиле прашањето за Харден. Мајката на Харден и понатаму живее таму и кошаркарот има деловни обврски во тој град, па и поради тоа шпекулациите се погласни.

Но, тука не би бил крајот на распадот на Филаделфија, Џоел Ембид кој беше прогласен за МВП на сезоната исто така би можел да си замине. Името на Ембид се поврзува со Њујорк Никси. Сепак се напоменува дека оваа информација ја пренесе новинарот на „Њујорк Дејли Њуз“, Стефан Бонди кој не спаѓа во редот на најдоверливите кога во прашање е НБА.

Засега сигурно и потврдено е само заминувањето на Риверс, па останува да видиме што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи почна преговори за Нејмар

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Раководството на Челзи веќе остварило првичен конта…