Дома Фудбал Англија Згрме тренерот на Вила: Ми здосади од пеналите кои ги добив Јунајтед

Згрме тренерот на Вила: Ми здосади од пеналите кои ги добив Јунајтед

Манчестер Јунајтед уште еднаш успеа да го одложи славјето на градските ривали.

Сити ќе мора да почека на официјализирање на новата титула шампион на Англија, Јунајтед вчера успеа со пресврт да слави против Астон Вила во Бирмингем 3:1.

Домаќините поведоа, но потоа имаше пад на Погба во шесенаесетникот, а главниот судија процени дека имало пенал. Дин Смит тренерот на Астон Вила не може да се помири со податокот дека Јунајтед доби уште еден пенал против неговата екипа и тоа повторно благодарение на Погба.

„Ми здосади веќе да зборувам за пеналите кои ги добива Јунајтед против нас. Погба се сопна на „Олд Трафорд“, а денес доби уште еден мек пенал. Даглас Луис не требаше да го постави стапалото или воопшто да му даде прилика да падне. Но тоа е патетична одлука според мене. Контактот не беше доволен за пенал“, изјави Смит.

Судијата Кавано ситуацијата ја прегледа и на ВАР мониторот, но не ја смени одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…