Дома Фудбал Лига на шампиони Звезда по место во плеј-оф за ЛШ во Молдавија!

Звезда по место во плеј-оф за ЛШ во Молдавија!

Денешниот ден ни ги носи реванш натпреварите од третото коло на квалификациите за ЛШ, а за вас овој пат го анализиравме дуелот кој ќе биде изигран во Тирсапол каде што Шериф го пречекува тимот на Црвена Звезда. Првиот натпревар заврши 1-1, а овој реванш дуел е закажан за во 19:00.

Шериф: Може ли овој тим до плеј оф?

Тимот на Шериф во Молдавија е шампион веќе во последните 10 години. Минатата сезона без поголеми проблеми стигнаа до тој наслов и имаа 16 бода повеќе во однос на второпалсиранито тим на Петрокуб. Исто така, податокот кој секако треба да го спомниме е дека тимот од Тираспол минатата сезона доживеа само еден пораз, со друи 32 победи и три реми. Сето ова, на Шериф им донесе пласман во квалификациите за ЛШ каде што без поголеми проблеми ги елиминираа тимовите на Теута и Алашкерт и на тој начин стигнаа до групанта фаза од конференциската лига што всушност и им  беше примарна цел. Жребот не им беше наколонет, па во третото коло за противник го добија српскиот шампион, Црвена Звезда кој пред крајот на тој двомеч беше голем фаворит.

Црвена Звезда: Очекувавме многу повеќе

Не треба да се знае многу за да се констатира дека Црвена Звезда можеше повеќе на стартот на овој шампионат. Имено, актуелниот српски шампион успеа да го победи тимот на Каират и да стигне до овој дел на квалификациите. Во првиот квалификациски натпревар за пласман во ЛШ ремизираа на домашен терен против Шериф, но искрено имаат квалитет за во воој втор натпревар да направат успех и да стигнат каде што заслужуваат. Што се однесува до домашното првенство, тие се наоѓаат на третото место на табелата со два бода помалку во однос на лидерот Партизан, а во минатото коло, Црвена Звезда со многу маки славеше на натпреварот против Напредак од Крушевац.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Халанд призна: Левандовски е број 1

Ерлинг Халанд смета дека Роберт Левандовски беше најдобар фудбалер на светот за 2021 годин…