Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО За Шпанија вчера играа најстариот и најмладиот играч кои заиграле во едно полуфинале на ЕП

За Шпанија вчера играа најстариот и најмладиот играч кои заиграле во едно полуфинале на ЕП

Репрезентацијата на Шпанија вчера ја победи Франција и се пласираше во финалето на Европското првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанците имаа одредени проблеми со повредени и суспендирани фудбалери, па така на теренот истрча и 38-годишниот ветеран Хесус Навас. Навас на теренот настапи со 38 години и 231 дена.

Хесус Навас така стана највозрасниот фудбалер кој настапил во едно полуфинале на Европско првенство. За три дена Навас го сруши рекордот кој претходно го држеше Јенс Леман.

Интересно е што Шпанија го имаше и најмладиот играч кој заиграл во едно полуфинале. Јамал го сруши рекордот на Пеле кој во 1958 година заигра полуфинале на ЕП со 17 години и 244 дена. Јамал вчера настапи со 16 години и 362 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Флик може да остане без голема ѕвезда: Барса добила понуда од 90 милиони евра!

Ова лето Барселона може да остане без својот бразилски офанзивец Рафиња, бидејќи за него п…