Дома Фудбал За рубриката „верувале или не“: За Тоти се останува и подолго во – затвор!

За рубриката „верувале или не“: За Тоти се останува и подолго во – затвор!

Неверојатна приказна од автобиографијата на Франческо Тоти, „Ун Капитано“.

Во големината на италијанската легенда се уверивме многу пати, но да се остане подолго во затвор за само да се фотографира со Тоти е за „рубриката верувале или не“.

Таква ситуација се случила во 2006 година кога Италија ја победи Франција и се искачи на тронот на светот, а Тоти беше еден од поважните играчи и во склоп на хумантиарна акција гостувале во римскиот затвор.

Тогаш е еден затвореник кој требало да излезе една недела пред посетата на Рим имал специфично барање од управникот на затворот.

„Ве молам да ме оставите во затвов уште некое време за да го запознаам Франческо! И да живеам уште 100 години нема да имам ваква прилика да се фотографирам покрај Тоти“.

Дефинитивно се работело за човек кој е еден од најжестоките фанови на „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…