Дома Трансфер зона За Пеп само еден играч може да биде вистинска замена за Де Брујн

За Пеп само еден играч може да биде вистинска замена за Де Брујн

Кевин Де Брујн можеби ја игра својата последна сезона во дресот на Манчестер Сити, а во медиумите веќе се појавуваат најави кој би можел да го замени.

Во последните седум години, Гвардиола покажа дека може без секого и успеваше да пронајде вистински замена. Но, многумина стравуваат дека Де Брујн ќе биде најтешко да се замени.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Веројатно свесен за тоа е и Пеп, па затоа сака големо засилување. Во прашање е Џамал Мусиала од Баерн Минхен.

Бројни извори говорат дека Пеп единствено Мусиала го гледа како адекватна замена за Белгиецот. Мусиала со Баерн има договор до 2026 година и ако не дојде до продолжување германскиот гигант би можел да го пушти за да не го изгуби без оштета летото кое следи потоа.

Сепак, треба да се потсети и дека договорот на Пеп завршува 2025 година, па не може да се каже со сигурност дека тој ќе биде тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…