Дома Фудбал Италија За еден од најпознатите италијански новинари Елмас може да биде – „новиот Гатузо“!

За еден од најпознатите италијански новинари Елмас може да биде – „новиот Гатузо“!

Даниеле Ди Џенаро, еден од најпознатите италијански новинари на националната телевизија РАИ пред новата сезона испрати големи пофалби за македонскиот фудбалер Елиф Елмас.

Неодамна Наполи го продаде Алан на Евертон и со тоа се отвори поголем простор за Елмас. Елмас не беше стандарден кај Гатузо во минатата сезона, но минутажата и не беше така лоша. Кога и да играше Елмас покажуваше квалитет, доказ за тоа се и пофалбите кои пристигнуваат од разни страни.

Ди Џенаро Елмас го потсетува на Џенаро Гатузо, но со многу подобра техника.

„Елмас сигурно може да биде првотимец во Наполи. Можеби ќе звучи чудно, но тој има карактеристики кои можат да го направат „новиот Гатузо“. Тој е млад, има брзина, добра нога и темпераментен е. Затоа може да биде како Гатузо, само што ќе има многу подобра техника“, порача Ди Џенаро.

Споредба со еден Гатузо кој важи за едно од најголемите имиња во италијанскиот фудбал секако не е мала работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул дојде во Лондон и покажа кој е шампион🎥

Играчите на Ливерпул покажаа супериорност над Челзи и рутински го освоија бодовите победув…