Дома Фудбал Репрезентации Затоа и се светски шампиони: Погледнете каков ростер има Франција (ФОТО)

Затоа и се светски шампиони: Погледнете каков ростер има Франција (ФОТО)

0

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешам неколку години наназад веројатно го има најдобриот избор на играчи кога во прашање се репрезентациите.

Она што во овој момент го има Дешам на располагање изгледа навистина неверојатно. Дешам на секоја позиција има барем пет одлични играчи и Дешам сигурно е на слатки маки кога треба да избере некои од нив.

На голманската позиција прв избор е Уго Лорис, но покрај него Дешам ги има уште Ареола, Манданда, Лафонт…

На стоперската позиција има и тоа како супер избор, а само двајца можат да го започнат натпреварот. Помеѓу првите кандидати се Лапорт, Варан, Умтити, Зума, Ленгле, Кимпамбе…На бековските позиции конкурираа: Ернандез, Диње, Менди, Курзава, Павар, Сидибе…

Најголемата конкуренција Французите веројатно ја имаат во средниот ред и нападот. Погба и Канте се најголемите ѕвезди во средината, но тука се играчи како Толисо, Матуиди, Сисоко и Рабио кои заслужуваат да играат во првиот состаб.

Офанзивниот дел е резервиран за првите ѕвезди Мбапе и Гризман, освен нив Дешам може да смета на: Коман, Лемар, Марсијал, Лаказет, Дембеле, Фекир, Паје...Ќе потсетиме Карим Бензема поради не фудбалски причини веќе неколку години е надвор од репрезентацијата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Вселенски брод“: Видете како ќе изгледа новиот стадион на Милан и Интер (фото)

Милан и Интер официјално потврдија дека ќе започнат изградба на нов стадион, кој ќе биде е…