Дома Ракомет Започнува СЕХА лигата со македонско дерби!

Започнува СЕХА лигата со македонско дерби!

Три натпревари денес ќе ја отворат новата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига. Во новото првенство ќе играат 10 екипи, титулата ја брани Вардар, а покрај „црвено-црните“ македонски преставник ќе биде и Металург.

Покрај Македонија, по два тима во лигата имаат Хрватска (Загреб, Нексе), Словенија (Цеље, Горење), Србија (Динамо Панчево, Војводина), додека Брест Мешков и Татран Прешов се преставници на Белорусија, односно Словачка.

Оваа сезона во лигата нема да учествува унгарскиот шампион Веспрем.

Стартот на лигата ќе го обележи македонското дерби Металург-Вардар, кое ќе се одигра в сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид продолжува со победи: Куманово немаше одговор за гостинската предност

Охрид славеше со 28-24 во Куманово и ја запиша седмата првенствена победа. Тимот на Борис …