Дома Фудбал Запнаа преговорите меѓу Стерлинг и Манчестер Сити

Запнаа преговорите меѓу Стерлинг и Манчестер Сити

Досегашните преговори помеѓу Манчестер Сити и Рахим Стерлинг за продолжување на договорот на фудбалерот не даваат резултат, пренесуваат англиските медиуми.

Англискиот репрезентативец оваа сезона е во животна форма, откако на 36 меча постигна 20 гола и запиша 10 асистенции во сите натпреварувања.

Стерлинг има договор со Манчестер Сити до јуни 2020 година, но раководството на „граѓаните“ брза да го задржи на подолг период.

Платата на Стерлинг во моментов изнесува 180.000 фунти неделно, но фудбалерот очекува значително зголемување, па тоа ги кочи преговорите околу новиот договор.

Кевин де Брујн неодамна го продолжи договорот со „граѓаните“, а Стерлинг од раководството бара да ја добие истата плата како Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…