Дома Македонски спорт Мак баскет Запален аларм кај конкурентите: Доминик Мавра е новиот член на „Штрковите“

Запален аларм кај конкурентите: Доминик Мавра е новиот член на „Штрковите“

Хрватскиот кошаркар, Доминик Мавра од денес е нов играч на актуелниот шампион, МЗТ Скопје.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На официјалниот сајт на клубот денес беше соопштено дека хрватскиот бек ги завршил сите формалности околу потпишувањето на договорот со шесткратниот македонски шампион, но не е наведена временската одредница на договорот.

Мавра кој минатата година настапуваше за Карпош Соколи, оваа ја започнс во шпански Хувентуд, но денес го раскина договорот бидејќи, судејќу по медиумите, не бил задоволен од минутажата која ја добивал.

Хрватскиот кошаркат изминатата сезона за Соколите одигра на 19 натпревари во АБА лигата со просек од девет поени и 3,7 асистенции. Мавра беше најзаслужен игра на Карпошани за освојување на Купот на Македонија во чија завршница беше прогласен за најкорисен играч.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …