Дома Тенис Загревање пред Австралија Опен, Ѓоковиќ ќе игра против Кирјос

Загревање пред Австралија Опен, Ѓоковиќ ќе игра против Кирјос

Новак Ѓоковиќ ќе одигра меч со Ник Кирјос пред почетокот на Австралијан опен, а тоа беше потврдено и од самиот организатор.

Во петок, 13 јануари, тие двајца ќе настапат на „Род Лејвер арената“, а картата е за влез е 20 австралиски долари, додека цел приход ќе биде дониран во хуманитарни цели.

Ѓоковиќ и Кирјос ќе го одиграат првиот меѓусебен дуел по големото финале на Вимблдон, кога Србинот освои уште една гренслем-титула.

Србинот ја брка 10-та титула на Австралијан опен, а притоа го закажа и првиот тренинг во Мелбурн против Данил Медведев кој го совлада пред неколку дена во Аделаида.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Крај на чекањето за Мусети: Преку Фриц до трофеј во Лион!

Лоренцо Мусети славеше во два сета во финалето во Лион и стигна до третата АТП-титула во с…