Дома Останати Кошарка НБА Заврши низа од 132 натпревари на Кари, но Голден Стејт дојде на чекор од шампионскиот прстен!

Заврши низа од 132 натпревари на Кари, но Голден Стејт дојде на чекор од шампионскиот прстен!

Голден Стејт Вориорс стигнаа на чекор од НБА прстенот откако во изминатата ноќ на домашен терен славеа против Бостон Селтикс со 104:94 и водат во финалето со 3:2.

Домаќините успеаа да дојдат до победата и покрај тоа што за првпат во плеј-офот Стеф Кари не погоди ниту една тројка, така ја прекина низата од 132 натпревари со најмалку една тројка.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Ендрју Вигинс беше најзаслужниот за триумфот на Вориорси со 26 постигнати поени, 12 скока, 2 асистенции и една украдена топка. Клеј Томпсон постигна 21 поени, а Кари 16 поени 3 скока и 8 асистенции.

После првите две четвртини на паузата Бостон имаше негатива од 12 разлика, меѓутоа во третиот период постигна дури 35 поени и направи пресврт. Вориорси во самата завршницата на третата четвртина со тројката Пул го вратија водството. Последната четвртина донесе одлична игра во одбраната на Вориорси со што ја обезбедија победата.

Џејсон Татум со 27 поени 10 скока и 4 асистенции беше најрасположениот кај Бостон, додека Маркус Смарт уфрли 20 поени, 3 скока и 2 асистенции.

На шестиот натпревар кој може да биде последен ако Голден Стејт слави се игра кај Бостон на 17. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…