Дома Ракомет Жорди Рибера: Од тоа што го видов мислам дека Данците многу сакаа да играат против Шпанија

Жорди Рибера: Од тоа што го видов мислам дека Данците многу сакаа да играат против Шпанија

Николај Јакобсен одлучи да ги одмори клучните дански ракометари за вчерашниот меч против Франција, а овој натпревар и денес е тема во ракометните кругови низ Европа.

Поразот на Данска значеше паѓање на второто место во групата што им донесе натпревар против актуелниот европски шампион, Шпанија место со Шведска. Од оваа „математика“ не е импресиониран селекторот на „Фуријата“ Жорди Рибера кој смета дека Данците со намера одлучиле да играат против ниц.

„Од тоа што го видов мислам дека Данците многу сакаа да играат против Шпанија. Според мене можеа да бираат, а тие избраа да играат со нас во полуфиналето“, изјави Рибера.

Данска и Шпанија своето полуфинале го играат утре од 18:00 часот, а во овој натпревар задолжени за правдата на теренот ќе бидат македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Николовска со 11 гола го предводеше Спартак до нов триумф над Атлетик

Спартак го отвори осмото коло со победа од 31:22 над Атлетик. Анастасија Николовска и Сара…