Дома Фудбал Жоргињо: Намерно го промашив пеналот за Донарума да биде херој

Жоргињо: Намерно го промашив пеналот за Донарума да биде херој

Италија во неделата стана европски шампион победувајќи ја Англија на пенали во големото финале.

„Аѕурите“ дојдоа до титулата откако Донарума го одбрани пеналот на 19 годишниот Бакајо Сака. Претходно кај Англичаните промашија уште Рашфрод и Санчо.

За Италија пред Сака да промаши Жоржињо можеше да го реши пенал рулетот, но Пикфорд го одбрани неговиот удар.

„Се беше испланирано, намерно промашив за Донарума да биде херојот. Знаев дека ќе го одбрани пеналот“, се пошегува играчот од средниот ред, па беше посериозен.

„Не знам, едноставно промашив. Секогаш во секој дел давам се од себе, но понекогаш и тоа не е доволно. На крај никој нема да памети дека јас сум промашил затоа што ние победивме и тоа е најважно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вила реди победи, Буендија жали: Еден гол не ми беше доволен!

Астон Вила го совлада Викинг со 3-1 за трета победа во Лигата на шампионите, а Емилијано Б…