Дома Фудбал Жоргињо и Хаверц ги напуштаат Арсенал и Англија како пакет и се преселуваат во друг европски гигант!?

Жоргињо и Хаверц ги напуштаат Арсенал и Англија како пакет и се преселуваат во друг европски гигант!?

Летниот преоден рок заврши пред еден месец, а клубовите веќе размислуваат за следниот кој започнува на 1 јануари. Жоргињо и Хаверц би можеле да го напуштат Арсенал, но да останат соиграчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последните играчи кои дојдоа под команда на Чави беа Иниго Мартинез, Жоао Феликс, Жоао Кансело, Гундоган и Ориол Ромеу.

По осум одиграни кола во Ла Лига, Барселона е на второто место со само еден бод помалку од Реал Мадрид.

Моментално Каталонците го имаат најдобриот напад со 19 гола, но Чави без разлика сака да доведе уште двајца офанзивни играчи.

Како што пишува The Sun, Барселона сака да ги „спакува“ Жоргињо и Каи Хаверц од Арсенал.

Италијанецот пристигна на „Емирати“ минатата зима, откако „Топчиите“ му платија на Челзи 11 милиони евра за неговите услуги. Жоргињо не импресионира, а Англичаните се подготвени да го продадат на Камп Ноу.

Со Каи Хаверц ситуацијата е многу посложена. Арсенал летово за него плати 75 милиони евра.

Германецот има постигнато само еден гол и допрва треба да се наметне во тимот, но Микел Артета има голема верба во него и е подготвен да му даде повеќе шанси за игра.

Останува да видиме што ќе се случува во зима. Вообичаено од ваквите шпекулации ништо не доаѓа бидејќи има многу време работите да се сменат, но да почекаме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова се случи втор пат некогаш на Светското првенство во фудбал, последен пат на 15 јуни 1958 година

Чуден ден е зад нас на Светското првенство во фудбал. Имавме можност да видиме четири натп…