Дома Фудбал Лига на шампиони Жорге Жесус за промашувањето на Сеферовиќ: Такво нешто не сум видел 30 години

Жорге Жесус за промашувањето на Сеферовиќ: Такво нешто не сум видел 30 години

Бенфика вчера во последните минути имаше голема прилика да ја „нокаутира“ Барселона со што ќе си ја олеснеше задачата во последното коло за пласман во нокаут фазата.

Харис Сеферовиќ во самиот финиш од натпреварот имаше супер прилика во која и го помина Тер Штеген, па од десетина метри место да ја смести топката во мрежата шутираше покрај голот.

И на тренерот на Бенфика, Жорге Жесус не му се веруваше што промаши Сеферовиќ.

„Создаде Барселона неколку прилики, но и ние игравме добро во одбраната. Во самиот финиш имавме прилика во која на голот на Барселона немаше голман. Тренер сум и 30 години не сум видел нешто слично, за жал ми се случи мене и на Бенфика“, изјави Хорхе Жесус.

Пред последното коло во групата Барселона е втора зад Баерн со седум бода, Бенфика има пет. Во последното коло Бенфика ќе се сретне со Динамо Киев, а Барселона со Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти: Нашата цел е да играме финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анечелоти зборуваше на пресконференција пред утешниот меч с…