Дома Фудбал Останато Животната драма на Ван Дијк: За прв пат тогаш фудбалот не ми беше важен

Животната драма на Ван Дијк: За прв пат тогаш фудбалот не ми беше важен

0

Вирџил Ван Дијк е еден од најдобрите стопери на денешницата, многумина ќе кажат и најдобар. Холанѓанецот има 27 години и сега раскажа за неговата животна драма во која едвај преживеал.

Стоперот на Ливерпул пред десет години преживеал тешка операција на слепото црево и бил спасен само поради добрата физичка состојба и редовните тренинзи.

Буквално тој се соочил со тоа дека наскоро нема да биде помеѓу живите…

„Тоа беше ужасно искуство, скоро и да се помирив со најлошото“, започна Холанѓанецот и продолжи:

„За прв пат тогаш фудбалот не ми значеше ништо, се што сакав беше да останам жив. Мoјата мајка и јас секојдневно разоваравме за различни сценарија и му се молевме на Бог. Најлошо се чуствував кога требаше да потпишам документ дека сум починал во болница и одобрение мојата мајка да ги добие парите кои сум ги заработил“.

„Никој не сакаше да го постави тоа прашање, но тоа мораше да се направи бидејќи реалноста беше таква, можеше да се очекува она што никој не го посакуваше. Додека лежев во болницата разни работи ми поминуваа низ главата“, расакажа Ван Дијк.

Во тоа време тој имал 17 години и го носел дресот на Гронинген. За среќа на крајот се добро се завршило и денес имаме прилика да го гледаме на фудбалските терени.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лидс му понуди на Тоти да се врати од пензија и да заигра за нив

Лидс Јунајтед минатата недела потврди дека сака да го доведе искусниот голман Буфон чиј до…