Дома Топ вести Арсенал и Ливерпул се „тепаат“ за ѕвздата на Реал Мадрид

Арсенал и Ливерпул се „тепаат“ за ѕвздата на Реал Мадрид

Како што пренесуваат шпанските медиуми, „Топчиите“ и „Црвените“ се заинтересирани за шпанскиот репрезентативец.

Според пишувањата на шпанска „Марка“, Арсенал и Ливерпул ова лето ќе се борат за потписот на Лукас Васкез.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Овој 26-годишен фудбалер изминатата сезона запиша 56 настапи во дресот на „Лос Бланкос“, поголемиот дел од времето влегуваше од клупата, но одигра навистина одлична сезона.

Заврши и со шпанската репрезентација во Русија, а има гласини и дека ова лето би можел да ја промени средината.

Емери е заинтересиран да го види својот сонародник на „Емирати“, додека Клоп и порано покажуваше интерес за неговите услуги.

Прашањето е само дали Реал е подготвен да го пушти и за колку, со оглед на тоа дека се претпоставува дека Лопетеги ќе им дава поголеми шанси на шпанските играчи, што не беше случај со Зидан и неговата тренерска филозофија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пикси мотивиран: Зошто да се плашиме? – Ќе ја нападнеме Англија!

Вечерва репрезентацијата на Србија ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство…