Женската репрезентација на Македонија беше поразена од селекцијата на Норвешка со 27:26 во првиот контролен натпревар од двата кои ќе се одиграат во Скопје.
Денешниот натпревар беше затворен за јавноста, за разлика од вториот во сабота кога влезот ќе биде слободен. Тој натпревар се игра од 16:00 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од почетокот македонската репрезентација најави дека ќе се обиде да стигне до победата, водеше со 17:14 на полувреме, а на 26:26 имавме и напад за победа. Сепак, на крајот Норвежанките беа тие кои и се израдуваа на победата.
Селекторот Љубомир Савевски на овој натпревар им даде шанса на младите ракометарки кои играа на Мундијалот за кадетки во Скопје, а сега се прекомандувани во сениорската селекција.