Европската куќа на ракометот повторно го лиферуваше редовното рангирање  на најдобрите 10 клуба во Лигата на шампионите. Истото е направено  по комплетирањето на фазата по групи, на новото рангирање нашиот РК Вардар забележа нов пад. Европскиот првак сега според рангирањето  е четврти во Европа, според експертите ангажирани од ЕХФ да ги анализираат и рангираат најдобрите екипи. Во четирите пролетни кола запиша два пораза во гости кај Барселона, Нант, триумф над  Пик Сегед и нерешено со Висла.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бранителот на титулата се справуваше добро со фактот дека е мета на сите, досега сезонава. Победата во групата А му даде шанса да оди директно во четвртфиналето, што значи дека тимот од Скопје е на еден чекор од пласман на Ф4-турнирот во Келн. Тренерот Раул Гонзалес и уште неколку клучни играчи си одат на крајот од сезонава, но претходно ќе се обидат да креираат историја– пишува во коментарот за Вардар.

ПСЖ остана на  првото место, Вардар од второто падна на четврто, пред нас се Веспрем и Барселона. Нашиот тим  во есенскиот дел од сезоната беше на  првото место од ова рангирање. ЕХФ Топ10 листата изгледа вака:

1. Псж

2. Барселона

3. Веспрем

4. ВАРДАР

5. Нант

6. Фленсбург

7. Кјелце

8. Кил

9. Кристијанштад

10. Монпелје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Познати противниците на Македонија на СП 2027

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за Светското првенство 2027, по…