Eурофарм Пелистер утре го игра првиот натпревар на домешен терен во Лигата на шампионите, а противник ќе им биде екипата на Фуксе Берлин.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Македонскиот шампион одигра одлично во првото коло во кое беше достоен противник на силниот Пари Сен Жермен од кого загуби во Париз со 31:29.
„Подготовките одат во најдобар ред. Ќе играме против вицешампионот на Германија и една од најсилните екипи во Европа. За нас ова е нова шанса за докажување. Очекуваме полна сала и голема поддршка од публиката „Чкембари“. Со нив ќе се обидеме да го направиме тоа што не успеавме во првиот натпревар“, изјави голманот Никола Митревски.
Дуелот помеѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин е на програмата утре во терминот од 20:45 часот.
„Би сакал натпреварот во Париз да биде само една најава за она што ќе следува в среда. Трибините да бидат полни и сигурен сум дека со нашиот осми, деветти играч можеме да повториме уште еден добар натпревар како тој во Париз и да се надеваме на поволен резултат, а тоа е победа“, изјави тренерот Ангеловски.