УЕФА го потврди распоредот на натпревари од нашата квалификациска група за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Македонската репрезентација на вчерашното извлекување во Франкфурт ја доби најтешката можна група со финалистите од последното Европско првенство, Италија и Англија, а ќе се соочиме и со Украина и Малта.




Нашата најдобра репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на 23. март 2023 година на домашен терен против Малта.




РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:
23. март 2023 Македонија – Малта
16. јуни 2023 Македонија – Украина
19. јуни 2023 Англија – Македонија
09. септември 2023 Македонија – Италија
12. септември 2023 Малта – Македонија
14. октомври 2023 Украина – Македонија
17. ноември 2023 Италија – Македонија
20. ноември 2023 Македонија – Англија