Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ЕП четвртфинале: Белгија – Италија е дербито, Англичаните веќе сонуваат финале!

ЕП четвртфинале: Белгија – Италија е дербито, Англичаните веќе сонуваат финале!

Откако вчера осминафиналето на Европското првенство познат е костурот за преостанатиот дел од првенството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Четвртфиналните натпревари ги отвараат Швајцарија и Шпанија на 2. јули од 18:00 часот, истиот ден се игра супер пресметката меѓу Белгија и Италија. Овој дуел се игра од 21:00 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Следниот ден се играат четвртфиналните пресметки помеѓу Чешка и Данска (18:00) и Украина – Англија (21:00).

Гледајќи на хартија Англичаните се фаворити за влез во финалето, сепак веќе видовме изненадување на овој ЕП, па затоа ќе почекаме да видиме. Ќе потсетиме и дека дополнителен мотив за Англија треба да биде тоа што финалето се игра на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Сега и официјално: Јирген Клоп е нов селектор на Германија!

Познатиот фудбалски тренер Јирген Клоп (59) денеска официјално беше назначен за нов селект…