Дома Останати Кошарка Епилог од најсрамниот натпревар во историјата на кошарката – двата клуба исфрлени од лигата

Епилог од најсрамниот натпревар во историјата на кошарката – двата клуба исфрлени од лигата

Mинатиот викенд во малтешката лига се одигра натпревар кој медиумите го нарекоа најсрамниот во историјата на кошарката.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кога ќе се погледне како таа изгледаше може да се каже и дека описот е точен. Станува збор за една од најочигледно наместените натпревари на спортските терени. Депиро и Хибернианс натпреварот го завршија со 69:68, а она што го привлече посебно вниманието е што во последните 6:30 минути не постигнаа ниту еден кош, не затоа што беа толку лоши, туку затоа што никој не се обиде да погоди.

Шест ипол минути се играше со губење на топки и аматерски грешки, некои и преочигледни дека се намерни. Навивачите на трибините веќе се смеаа затоа што знаеа дека екипите го местат резултат за подобра позиција во плеј-офот, но на крајот нема да бидат во него.

Малтешкиот сојуз го поништи натпреварот и веднаш двата клуба ги исфрли од лигата. Исто така клубовите добија казна од одземање на три бода за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дали ова е крајот? Леброн Џејмс зборуваше за пензија

Леброн Џејмс, по елиминацијата на неговиот Лос Анџелес Лејкерс од страна на Оклахома Сити …