Дома Фудбал Репрезентации Енрике за изоставувањето на Рамос: Се држам до она што е најдобро за Шпанија

Енрике за изоставувањето на Рамос: Се држам до она што е најдобро за Шпанија

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике денес го објави списокот со патници на Европското првенство, а најголемо изненадување е што на него го нема Серхио Рамос.

Нормално, новинарите на прес-конференција ги интересираше зошто Рамос не е во составот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Долго размислував за оваа одлулка. Вчера имавме приватен разговор. Не беше лесно, но морам да се држам до она што е најдобро за репрезентацијата. Во овој момент не може да игра и тренира, а нас ни требаат играчи кои се во ритам и во форма за најдобро да се претставиме. Му кажав да биде себичен да игра најдобро што може за клубот и во иднина секако дека може да се врати“, објасни Енрике.

Списокот на Шпанија за ЕП – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Санчо наводно се договори со Јувентус, но клубовите уште не го постигнале потребниот догов…