Дома Фудбал Англија Емотивна објава на фудбалерот на Сити: Татко ми почина неколку моменти по мојот гол во ЛШ

Емотивна објава на фудбалерот на Сити: Татко ми почина неколку моменти по мојот гол во ЛШ

Фудбалерот на Манчестер Сити Натан Аке соопшти денес дека неговиот татко починал во текот на неговиот натпревар против Лајпциг.

Во емотивно обраќање, Аке напиша дека неговиот татко бил тешко болен и секој ден се очекувала вест за неговата смрт.

„Претходните неколку недели беа најтешки во мојот живот. Мојот татко беше многу болен и повеќе никакви третмани не можеа да му помогнат. Имав среќа што ја имав поддршката од мојата вереница, семејството и пријателите“, истакна Аке, а потоа соопшти дека татко му починал за време на натпреварот.

„После тешкиот период вчера го постигнав својот прв гол во Лигата на шампионите, а само неколку моменти подоцна мојот татко починал. Мајка ми и брат ми беа покрај него. Можеби така било судено. Секогаш беше среќен кога ме гледаше како играм. Знам дека секогаш ќе биде покрај мене“, гласи пораката на дефанзивецот на Сити.

Холандскиот фудбалер во Сити дојде од 2020 година. Сепак поради проблемите со повредите настапи на само 16 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите на Барселона со насмевки го пречекаа Барухан 📸

После вчерашниот пораз од Рајо Ваљекано Барселона го отпушти Роналд Куман, а денес како пр…