Дома Фудбал Елмас: Можеме да ја одбраниме титулата во Италија

Елмас: Можеме да ја одбраниме титулата во Италија

Македонскиот репрезентативец и член на Наполи, Елиф Елмас вели дека неговиот тим има одговорност како актуелен шампион.

Наполи минатата сезона после 33 години го освои Скудетото, а Елмас вели дека тимот има квалитет да ја одбрани титулата.

„Имаме одговорност, треба да го дадеме најдоброто од нас и мислам дека можеме повторно да бидеме шампиони“, вели Елмас.

„Само Ким си замина, останатите се тука. Свесни сме дека сме шампиони на Италија и на секој меч треба да го даваме најдоброто, дури и на пријателските натпревари“, додаде Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо по 3:0: Ла Лига ни одмага, а Расинг се жали за сè

Реал славеше кај Расинг, но Мурињо имаше забелешки за густиот распоред и јасен став за пон…