Дома Македонски спорт Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

На Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против Малта од 2:1. Иако бевме фаворити, сепак до победата дојдовме потешко од очекувањата.

Во првото полувреме скоро ништо и да не се случуваше, ниту ние, ниту Малта не упати удар во рамките од голот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најсериозната закана ако може да се каже најсериозна беше по еден корнер со удар со глава, Елмас на двапати се доближи до шеснаесетникот со опасен напад, но остана без завршница.

Се играше 35-тата минута кога Алиоски нафрли, а Бојан Миовски иако беше во добра позиција, сепак не ја зафати топката најдобро со глава. Повторно Миовски се најде во прилика по нафрлување на четири минути пред крајот на полувремето, но и тоа помина безопасно.

Иста слика на теренот гледавме и по првите 15 минути од вториот дел, тогаш Барди по еден час игра го упати првиот удар во рамките од голот. Во таа ситуација беше досуден пенал за Македонија, но по реакција на ВАР истиот се поништи.

Конечно отпорот на Малта го скршивме во 66-та минута со голот на Елмас, а по тој момент нашата игра изгледаше полесно. Нововлезниот Дарко Чурлинов шест минути подоцна постигна нов гол за веќе сигурна предност на Македонија.

По една конфузија во нашата одбрана Јаник Јанка во 84-тата минута го постигна утешниот гол за Малта и така го постави конечниот резултат. За извдвојување од финишот е пречката на Барди од слободен удар. Селекторот Благоја Милевски поради протести кај судијата заработи директен црвен картон.

Во второто коло од овој циклус Македонија е слободна, па во тој термин во понеделник ќе играме против Фарски Острови исто така на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Симеоне за првпат се огласи по хаосот на „Енфилд“ во кој ќе се степааше со навивачите

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази жалење поради инцидентот со навивачите …