Дома Топ вести Елмас има многу понуди, но тој сака само во Интер

Елмас има многу понуди, но тој сака само во Интер

За македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас владее голем интерес и од ден во ден се појавуваат нови информации кои го поврзуваат Елмас со заминување од Фенербахче.

Многу европски гиганти се заинтересирани за Елмас, а последните информации од Шпанија говорат дека Атлетико Мадрид испратил понуда за „дијамантот“ вредна 15 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претходно за Елмас интерес покажаа и Интер, Борусија Дортмунд, Наполи, Севиља, Фиорентина, а сега турските медиуми излегоа со нови детали.

Имено, преговорите помеѓу Атлетико и Фенербахче се во застој, бидејќи Елмас има желба да се пресели во Интер и тоа му го соопштил на својот агент.

Италијанските медиуми исто така потврдија дека Елмас сака само преселба во Интер и е спремен да ги одбие сите други понуди.

Сега на потег се „нероаѕурите“, кои се силно заинтересирани за Македонецот, но мораат најпрво да продадат играчи до крајот на месецот поради финансискиот фер-плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…