Дома Фудбал Останато Екс-репрезентативец на БиХ пред почетокот на натпревар соопштил дека ја завршува кариерата

Екс-репрезентативец на БиХ пред почетокот на натпревар соопштил дека ја завршува кариерата

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина Огњен Врањеш одлучил да стави крај на кариерата на 35 години, пишуваат медиумите во Србија.

Врањеш е член на српски Чукарички во последната половина година, а сега донел изненадувачка одлука да стави крај на кариерата, која ја објави Блиц.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Одлуката за завршување на кариерата Врањеш ја донел на необичен начин минатиот петок, пред натпреварот помеѓу Чукарички и Нови Пазар, а челниците на клубот останаа изненадени од неговата одлука.

Потсетуваме, Врањеш дојде во Чукаричка откако пропадна неговиот ангажман во Партизан бидејќи навивачите на црно-белиот тим се побунија против неговото доаѓање.

Претходно, Врањеш играше за турски Хатајспор, Аланија и Газиантеп, атински АЕК, белгиски Андерлехт, шпански Спортинг Хихон, руските Краснодар и Томск, молдавски Шериф, српски Напредак и Бањалука Борац, каде што ги направи првите фудбалски чекори.

Врањеш беше долгогодишен репрезентативец на Босна и Херцеговина, одигра 38 натпревари во националниот дрес, а својата репрезентативна кариера ја заврши во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

От ПСЖ го информирале Јуве дека и други клубови прашуваат за Коло Муани

Раководството на ПСЖ го информирало колегите од Јувентус дека треба да побрзаат ако сакаат…