Крсте Велкоски од Работнички е нов фудбалер на Македонија Ѓорче Петров и тој е четврто засилување за „лавовите“ во овој преоден рок.
За Велкоски Македонија Ѓорче Петров е третиот клуб во Македонија, претходно покрај Работнички играше и за Металург.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Настапуваше Велкоски и во неколку странски клубови, а најдлабока трага остави во босанскиот Сараево каде што ја носеше и капитенската лента.
Пред Велкоски „лавовите“ се засилија со Џонатан Балотели, Давид Лопез и Џонатас Да Силва.
Коментари