Дома Фудбал Англија „Екип“ открива: Погба следната недела почнува со тренизи

„Екип“ открива: Погба следната недела почнува со тренизи

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе се врати на тренинзите на почетокот на следната недела, пренесува „Екип“.

26-годишниот Французин ќе се обиде да биде спремен за 29-то коло од Премиер лигата кога се игра големото градско дерби против Манчестер Сити на 8 март. Сепак, најверојатен датум за играчот да се врати на теренот е 15 март, за натпреварот од 30-то коло против Тотенхем.

Оваа сезона Погба запиша само 7 настапи во Премиер лигата во кои оствари две асистенции, а причина за тоа беше повредата на глуждот.

Французинот долго време се рехабилитираше од повредата, а во јануари се одличи да оди на операција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…