Дома Фудбал Останато Едно „не“ ја променило кариерата на Тиери Анри: Јас останав, а тој стана легенда на Арсенал

Едно „не“ ја променило кариерата на Тиери Анри: Јас останав, а тој стана легенда на Арсенал

Тиери Анри сигурно е еден од најдобрите француски фудбалери во историјата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголемата слава Анри ја стекна играјќи за Арсенал од 1999 до 2007 година, а во кариерата го носеше дресот уште на Монако, Јувентус, Барселона и Њујорк Ред Бул.

На периодот во Јувентус, Анри сигурно не се сеќава по добро. Во клубот од Торино тој одигра само 19 натпревари и тоа како играч за врска и постигна само три гола.

Многу лесно можело да се случи Анри место во Арсенал да заврши на позајмица во Удинезе. Тоа го откри Марсио Аморосо, поранешниот напаѓач на Удинезе кој Јувентус сакал да го замени со Анри.

„Постоеше можност да одам во Јувентус во замена за Анри. Меѓутоа Тиери ја одби таа замена, па јас останав во Удинезе, а тој подоцна се пресели во Арсенал“, изјави Аморосо за „Скај Спорт Италија“.

Анри потоа во Арсенал стекна статус на легенда. Одигра 376 натпревари за „топџиите“ и постигна 228 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Турците по срамота на СП донесуваат неочекувана одлука: Тоа ни е единствена опција!

Репрезентацијата на Турција беше елиминирана од Светското првенство по неочекуваните пораз…