Дома Трансфер зона Еден од хероите на Борусија кој е позајмен од Челзи ја „затвори вратата“ за враќање во Лондон

Еден од хероите на Борусија кој е позајмен од Челзи ја „затвори вратата“ за враќање во Лондон

Еден од хероите на пласманот на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите беше Јан Матсен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој лев бек на вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид докажа дека е еден од најдобрите фудбалери на овој тим оваа сезона.

Сепак, Челзи од каде што е на позајмица во германскиот клуб не се одлучил да го врати во своите редови.

“Секогаш мислев и верував дека ќе играм за Челзи. Од некои причини не успеав. Сепак, сега сум тука, ова е одлична можност за мене. Мислам дека одиграв многу добро и докажав дека можам да играм на највисоко ниво”, изјави Матсен.

Медиумите тврдат дека со оваа изјава тој веќе го „отпиша“ Челзи и самиот сега не би сакал да се врати во Лондон. Холанѓанецот кој има 22 години покрај Челзи настапуваше уште за Чарлтон, Ковентри и Барнли.

Инаку, неговиот договор со Челзи е до 2026 година, но има откупна клаузула од 40 милиони евра која може да ја плати Борусија Дортмунд…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…